Велика Британија во средата донела одлука за големо проширување на размерите на помошта за сириската вооружена опозиција и вети дека бунтовниците против владата на претседателот Башар ал-Асад ќе ги снабдува, на пример, со оклопни возила и средства за тестирање хемиско оружје.Во досега својата најсилна изјава во врска со судирите во Сирија, британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека меѓународната политика во однос на Сирија била неуспешна и оцени дека изгледите да се најде брзо решение за двегодишната криза се слаби.„Според нас, доколку политичкото решение за кризата во Сирија не се најде и судирот продолжи, ние и остатокот од Европската унија ќе мораме да бидеме подготвени да одиме подалеку и не треба да исклучиме ниедна опција за спасување на животите“, изјави министерот Хејг во британскиот парламент.Хејг, меѓутоа, ги намалил шансите за интервенција на Западот додавајќи дека „ниедна западна влада не заговара воена интервенција на западните земји во судирот во Сирија“, „Расправата во целост е посветена на степенот на помошта која може и треба да ѝ биде дадена на опозицијата“, рекол шефот на британската дипломатија.Ветувањето што дојде од Хејг за поголема помош, којашто вклучува и опрема за барање и спасување, комуникациска опрема, панцирни елеци, советување и обука, претставува, од друга страна, чувствителна промена на британската политика којашто ја одразува фрустрацијата на Лондон од брзината на промените на теренот, забележува Reuters.
МакфаксВелика Британија во средата донела одлука за големо проширување на размерите на помошта за сириската вооружена о