Британската кралица Елизабета II полни 87 години

Британската кралица Елизабета Втора во неделата го слави 87 роденден, во тесен семеен круг, соопшти Бакингемската палата потсетувајќи дека денеска кралицата го слави својот вистински роденден, кој е различен од датумот на официјалната прослава на роденденот на британскиот монарх.„Кралицата својот роденден го минува во кругот на семејството“, соопшти портпаролот на Бакингемската палата. Елизабета Втора е родена на 21-ви април 1926 година.Официјалната прослава на роденденот на британскиот монарх има подвижен датум и главно се одржува меѓу крајот на мај и почетокот на јуни, најчесто се прославува втората сабота во јуни, за да може парадата како што е прочуената „Trooping the Colour” којашто се одржува во таа чест да се одржи по убаво време.Кралицата Елизабета Втора минатата 2012 година го прослави дијамантскиот јубилеј одбележувајќи ја 60-годишнината од доаѓањето на престолот по смртта на нејзиниот татко кралот Џорџ Четврти во февруари 1952 година.Елизабета Втора, така на британскиот престол е речиси 61 година, со што го надмина времетраењето на владеењето на кралот Џорџ III, кој владеел од 1760 до 1820 година. Сега единствено најдолго владеење пред актуелната британска кралица е периодот на кралицата Викторија која владееше и управуваше со земјата 63 години и 216 дена, така што доколку сè биде во ред, Елизабета II на 10-ти септември 2015 година ќе стане монарх со најдолго владеење во британската историја.Годинава за малку повеќе од еден месец ќе биде одбележана и 60-годишнината од нејзиното крунисување во Вестминстерската опатија на 2-ри јуни 1953 година. По тој повод во градините на Бакингемската палата од 11-ти до 14-ти јули ќе се одржат пригодни свеченост.Монархот на Обединетото Кралство и 15 земји од Комонвелтот е во брак со 91-годишниот принц Филип со кој има четири деца, од кои има осум внуци и двајца правнуци.
МакфаксБританската кралица Елизабета Втора во неделата го слави 87 роденден, во тесен семеен круг, соопшти Бакингемската пала

Пронајдете не на следниве мрежи: