Британското банкарско здружение (BBA) во понеделникот објави дека сите негови членови дале зелено светло за планот на финансискиот регулатор управувањето со меѓубанкарската каматна стапка либор да се отстапи на нов независен оператор кој ќе биде избран на јавен тендер.На влијателното банкарско лоби во Британија во септември минатата година тамошните регулатори му замерија за слабо управување со либорот и одлучија да го лишат од правото за управување и надзор над клучната меѓубанкарска каматна стапка.Ваквата одлука е донесена поради избивање на големиот скандал ширум светот околу манипулацијата со либорот, во кој наводно учествувале низа водечки банки. Засега три од нив- Barclays, Royal Bank od Scotland и UBS- се казнети со глоба во вкупен износ од 2,6 млрд долари.
МакфаксБританското банкарско здружение (BBA) во понеделникот објави дека сите негови членови дале зелено светло за план