Британскиот кардинал го призна „недолично сексуално однесување“

Британскиот кардинал Кит О'Брин кој во понеделникот се повлече од позицијата на надбискуп, призна во неделата своето недолично „сексуално однсеување” и побара прошка од оние коишто ги „повредил”.

„Овие денови, обвинувањата изнесени против мене излегоа во јавноста”, изјави кардиналот Кит О'Брин во соопштението испратено во јавноста во неделата.
„Во почетокот го побивав поради нивната анонимност и нејаснотии. Но сакам да ја искористам оваа можност и да го признам дека моето сексуално однесување понекогаш било под нормите кои се очекуваат од еден свештеник, надбискуп и кардинал”, се додава во писмената изјава.
„На оние коишто ги повредив, им се извинувам и ги молам за проштевање”, додал кардиналот кој напомнува дека со 74 години заминува во пензија.
Овие изјави доаѓаат откако на 24-ти февруари британскиот весник The Observer објави напис во кој тројца свештеници и поранешен жупник го обвинуваат кардиналот О'Брин за „недолично однесување'” во текот на 1980-те.
Кардиналот во почетокот ги отфрлаше обвинувања. Ден по нивното објавување, сепак, најави дека се повлекува од службата на надбискуп на Сент Ендрјус и Единбург во Шкотска, како и дека одлучил да не оди на конклавите на кои се ќе избира наследникот на папата Бенедик Шеснаесетти кој ненадејно се повлече.
Макфакс
Британскиот кардинал Кит О'Брин кој во понеделникот се повлече од позицијата на надбискуп, при

Пронајдете не на следниве мрежи: