Дали ви се чини познато ова што ќе го прочитате подолу? Има ли разлика од тогаш до денеска во нешто? Како да гледам повторување на циклусот на контрола. Само сега не е Белград газдата, со сила наметнат, туку Брисел.
(Меморандум од британскиот конзул во Скопје, 1945 год.)
“…Комунистичката партија чија потчинетост кон Тито е без секое сомневање, се по¬веќе и повеќе ја контролира македонската влада. Во првата македонска влада, фор¬мирана во април, претседателот Лазар Колишевски е секретар на Македонската Комунистичка Партија; двајцата потпретседатели се комунисти и сите останати со исклучок на двајца министри. Во локалните национално ослободителни комитети секретарот, кој нормално е нејмоќен член, секогаш е непроменливо комунист. Се повеќе и повеќе клучните места се непосредно контролирани од централната влада. ОЗНА која се чини има право на вето на многу одлуки на федералната влада и од корпусите за национална одбрана, кои дејствуваат како гранична стража, се засилени во Македонија и се одговорни непосредно на Министерот за национална одбрана. Границата со Бугарија е обновена и преминувањето меѓу Бугарија и Македонија стриктно се контролира. Дозвола за премин се добива само во Белград или Софија. Рудниците и железничките линии се ставени непосредно под контрола на Министерството на рудници и комуникации во Белград. Во овие две служби Македонците се обврзани да примаат српски техничари. Системот такса со исклучок на малите локални такси за локалните служби и снабдување на пари на федералната влада наскоро ќе биде координиран од страна на централната влада.
Формирани се граѓански судови и службата на јавниот правобранител за Македонија ќе биде директно одговорна на Министерот на правдата во Белград за водење на судските работи во федералната единица. Секој важен предлог закон од федералната влада мора да биде во детали упатен до Белград пред да биде активиран. Скопското радио, досега независно, е ставено под контрола на Белград. Во почетокот на јуни македонската воена команда беше распуштена и 5-та југословенска армија беше преселена во Македонија со Главен штаб во Скопје. Иако оваа армија се состои од македонски единици, се верува дека содржи најмалку една српска дивизија и една хрватска дивизија размислува да им се придружи. Таа е команда на генералмајор Родиќ кој со својот штаб, политичкиот комесар и поголемиот дел од неговите службеници се Срби. Се чини, исто така, дека Белград ја држи Македонија сосема изолирано од некои основни потреби и покрај тоа што помошта од УНРРА се очекува, таа се уште не почнала да пристигнува. Ова секако може да е чекор на централната влада за да им стави на знаење на Македонците колку се тие зависни од Белград…”
“Велика Британија и Македонија” (1945-1948)
документи, ИНИ, Скопје 1996, том II, стр.45-47;