Британскиот МНР Камерон: Украина има право да гаѓа цели во Русија

Според британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон, Украина има право да користи британско оружје за да цели во Русија.
„Украина го има тоа право“, рече Камерон во интервју за Ројтерс за време на посетата на Киев.
„Кога Русија гаѓа (цели) внатре во Украина, можете да разберете зошто Украина чувствува потреба да се осигура дека ќе се брани“, додаде британскиот министер.

Тој вети дека Велика Британија ќе продолжи да и дава на Украина помош од 3 милијарди фунти (3,74 милијарди долари) се додека е потребно.
„Ќе даваме 3 милијарди фунти секоја година онолку колку што е потребно. Штотуку целосно исцрпивме се што можеме во однос на испораките на воена опрема. Дел од оваа (техника) всушност пристигнува во Украина додека сум тука“, додаде Камерон.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека Москва повеќе би сакала Вашингтон да го повика Киев не само да ги запре нападите врз енергетските објекти во Русија, туку да се откаже воопшто од терористичките активности, пред се на станбените згради. Неговиот коментар беше одговор на написот во весникот „Фајненшл тајмс“ во кој се наведува дека американската администрација бара Киев да престане со нападите врз руската енергетска инфраструктура.

Пронајдете не на следниве мрежи: