Британските медиуми против системот на регулација

Повеќето британски печатени медиуми во вторникот изразија загриженост по договорот на трите главни политички партии во земјата постигнат во понеделникот за формирање нов систем за регулирање на печатените медиуми кои се натпреваруваат во сензационални и скандалозни вести, откако јавната истрага откри постоење распространета практика на прислушување телефони и други неетички однесувања.Во заедничкото соопштение на неколкуте големи национални дневни весници се наведува дека споменатиот проект содржи „многу спорни елементи“.Весниците Daily Mail, Daily Telegraph и Daily Express, како и компанијата News International, којашто ги издава весниците The Sun и The Times, се жалат дека немале свои претставници на состаноците на кои конзервативците, либералните демократии лабуристите го договорија новиот систем за регулација во медиумите.Весникот Daily Telegraph во својот воведник оценува дека „Рубиконот е минат“ во поглед на слободата на печатот по 318 години откако новините и магазините не биле под влијанието на политичките власти.The Times, пак, укажува на „опасен преседан и тажен настан во историјата на слободата на печатот во Велика Британија“.Првата страница на таблоидот The Sun е прецртана и со наслов „Министерство за вистина“, со кој се алудира на славниот роман „1984-та“ на Џорџ Орвел.Изданијата The Sun и The Times и’ припаѓаат на компанијата Руперт Мардок, како и „News od The World“ кој мораше да згасне по скандалот со телефонските прислушувања на жртви во криминални случаи, славни личности и политичари. Овој таблоид во 2000 година прислушувал стотици личности, а новиот орган за регулација на печатот е токму одговор на овој скандал.Со оваа регулација за весниците се одредува глоба од милион фунти, односно 1,2 милиони евра.Новиот систем се темели на доброволен пристап, меѓутоа новите кои одбиваат да се придружат на договорот се изложуваат на плаќања отштети и камати во случај судски процеси.Здружението Newspaper Society, коешто претставува илјадници локални весници, укажа на „многу хендикепирачкиот товар“ за локалните весници.
МакфаксПовеќето британски печатени медиуми во вторникот изразија загриженост по договорот на трите главни политички партии во

Пронајдете не на следниве мрежи: