Британските проститутки двојно ги намалија цените поради кризата

 Економската криза ги погоди и британските проститутки кои морале да ги преполоват цените на своите услуги поради намалената платежна моќ на своите клиенти, како и поради нелојалната конкуренција која на лондонските улици пристигнува од источна Европа, Бразил и Азија.Според истражувањето што го спровело градскиот совет на централен Лондон, цените на услугите на проститутките за неколку години паднале за 50 отсто, па лондонските проститутки сега се и помалку селективни во прифаќањето на клиентите, меѓу кои има и повеќе насилници со што се изложуваат на поголем ризик да бидат нападнати и ограбени.„Падот на побарувачката и зголемениот број на они коишто ги нудат услугите резултираше со пад на цените, а жените се изложуваат на ризици“, изјави советникот на Вестминстер, Иан Роули.Се проценува дека само во центарот на Лондон работат стотина јавни куќи.Проститутките на улиците во британската престолнина заработуваат околу 20 фунти на час а во смена може да „услужат“ просечно шест клиенти, додека поексклузивните заработуваат и по 200 фунти на час.
Макфакс Економската криза ги погоди и британските проститутки кои морале да ги преполоват цените на своите услуги поради

Пронајдете не на следниве мрежи: