Настанот се случил во кафуле на градскиот плоштад, локал кој е омилено збиралиште на тинејџерите од градот, а немилите сцени се одвивале пред голем број на очевидци.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, наведено е во полицискиот билтен.
-На 20.05.2022 во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Останува да видиме дали навистина ќе биде расчистен случајот. Што не е за верување, ако се следи досегашната пракса со странски војници.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.