Британски научници ја решија загатката со исчезнувањето при перење чорапи. Тие изведоа формула со која се пресметува веројатноста тоа да се случи.
Формулата (L(p x f) + C(t х s)) – (P x A) зема предвид колку тежи перењето и колку луѓе живеат заедно, обајви Мирор.
L е големина на перењето, P – бројот на луѓе кои живеат заедно, f -бројот на неделни перења , С – сложеност на перење, t колку видови перење неделно има домаќинството, s е бројот на чорапи за перење неделно, P – дали оној кој пере гледа позитивно на тоа (од 1 до 5) и А – колку внимание одделува за таа работа (проверува ли по џепови…)
-Најчеста причина за исчезнување чорапи е дека тие паѓаат зад радијатор од парно или под мебел, без никој да забележи, тврди психологот Сајмон Мур и статистичарот Џеф Елис.
Шарените чорапи исчезнуваат много почесто од белите, Британците губат во просек по 1,3 чорапи на месец и 15 годишно.