Британски тим научници произведува милион вакцини против Covid-19
Милион дози на потенцијална вакцина против новиот тип коронавирус кој го предизвикува заболувањето Covid-19, веќе се произведуваат и би требало да бидат расположливи до септемрви, пред тестирањата да ја потврдат ефикасноста, објавено е во петокот.
Експерименталниот препарат го развил Универзитетот Окфорд под ознаката „ChAdOx1 nCoV-19“, рекомбиниран вирален вектор, е еден од најмалку 70-те потенцијални вакцини за Covid-19 коишто ги развиваат научниците ширум светот. Од нив, најмалку пет потенцијални вакцини се тестираат на луѓе.
Научниците од Оксфорд во петокот соопштија дека регрутираат волонтери за раната фаза од тестирањето.
„Започнавме ризично производство на вакцина во големо количество…., но со мрежа производители на дури седум различни делови од светот. Целта е да се добијат најмалку милион дози до септември, а до тогаш ќе ги имаме резултатите (од тестот) за ефикасноста“, изјви Адријан Хил, професор и директор на Институтот Џенер при Оксфордскиот универзитет.
Три парнера на Оксфорд се во Велика Британија, два се во Европа, а по еден во Индија и во Кина.
Научниците велат дека почетните трошоци за прозиводството ќе изнесуваат „десетици милиони фунти“ и признаваат дека е ризично да се започне производството пред да ги добијат доказите за ефикасноста. Притоа не ги откриваат поединостите за финансирањето на производството на вакцината.
Тимот на Хил планира да ја започен безбедносната фаза, а потоа и преодната тестирања на возрасни лица на возраст од 18 до 55 години за неколку седмици. Потоа групата испитаници ќе биде проширена на повозрасни лица и научниците се надеваат дека во завршната фаза вакцината ќе ја тестираат на 5.000 волонтери кон крајот на летото.
Хил и неговите соработници се многу уверени дека тестирањата на луѓето ќе дадат позитивни резултати во заштитата од заразата со коронавирусот. Признаваат дека бројни други истражувачки тимови ширум светот работата на развојот на потенцијалната вакцина, а само дел од нив ќе бидат успешен.
На прашањето кога нивната вакцина би била спремна за дистрибуција, Хил вели дека земајќи ги предвид сите потребни фази од одобрувањето, дека тоа би можело да се случи по околлу есет седици од септември, кога тимот се надева дека ќе ги има позитивните резултати.