Бритни Спирс ги збунила фановите: “Пристигнува ли бебе?”

Бритни Спирс на својот Инстаграм профил сподели видео со кое ги збунила своите фанови, кои се прашуваат дали пристигнува принова.
На видеото се гледа како Бритни е свртена со грбот кон камерата и во рака држи шише и делува како да храни бебе. Нејзината долга руса коса ѝ помогнува во тоа да не открие за што точно се работи.
“Принова во семејството. Погодете дали е машко или женско. Ти благодарам уште еднаш душо”, напишала популарната пејачка под објавата и со означила својот вереник Сем Ашгари.
Претходно, после укинувањето на 13-годишното старателство пејачката открила дека се радува за се што ѝ се случува. Потоа изрази желба да роди трето дете.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)


“Размислувам за уште едно бебе! Се прашувам дали на оваа фотографија е девојче. На прсти е и се обидува да фати нешто…Тоа е сигурно”, напишала во описот на фотографијата која ја објавила на Инстаграм.
Фановите во коментари се обиделе да дознаат за што станува збор.
“Што се случува”, “Пристигнува ли бебе”, “Дали вдоми милениче”, се дел од коментарите од нејзините пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.