Поп-принцезата, како што ја нарекуваат многумина низ целиот свет , пејачката Бритни Спирс, потпиша огромен нов музички договор, кој вклучува продажба на нејзините права врз богат музички каталог , како што дознаваат странските медиуми.
Според новите правни документи до кои дојде TMZ, Бритни го продала својот удел во каталогот на музичкиот издавач Primary Wave. Не е познато точно колку на Бритни ѝ било платено за музиката – документите не ја откриваат точната сума, но изворите го опишуваат договорот како „историски договор“, на ниво на договорот од околу 200 милиони долари што го потпиша Џастин Бибер кога го продаде својот музички каталог.
Прослави со своите синови
Документите покажуваат дека Бритни, чиј менаџер е менаџерот Кејд Хадсон, го потпишала договорот на 30 декември, а извори велат дека пејачката била задоволна од продажбата и славела поминувајќи време со своите деца.
Договорот ги вклучува хитовите на Бритни Спирс како што се: „(You Drive Me) Crazy“, „Baby One More Time“, „Break The Ice“, „Circus“, „Don’t Let Me Be the Last to Know“, „Everytime“, „Gimme More“, „Hold It Against Me“, „I Wanna Go“, „If U Seek Amy“, „I’m a Slave 4 U“, „I’m Not a Girl, Not Yet a Woman“, „Lucky“, „My Prerogative“, „Oops!… I Did It Again“, „Overprotected“, „Piece of Me“, „Sometimes“, „Stronger“, „Till The World Ends“, „Toxic“ и „Womanizer“…
Таа не е единствената
Принцезата на поп-музиката со тоа се приклучува на растечкиот список на уметници кои ги продадоа своите музички каталози во последниве години, вклучувајќи ги и големите ѕвезди како Џастин Бибер , Брус Спрингстин, Боб Дилан, Пол Сајмон, Нил Јанг, Шакира, KISS, Стинг, Фил Колинс и Стиви Никс . Уште во 2020 година, Стиви Никс продаде 80% од својот каталог за издаваштво на компанијата Primary Wave, а во тоа време нејзините авторски права беа проценети на околу 100 милиони долари.
The post Бритни Спирс ги продаде музичките права: Неочекувана одлука на пејачката, откри што ќе се случи следно appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



