Бритни Спирс: Извинете, лажев, мојот живот не е совршен

Пејачката Бритни Спирс се огласи на Инстаграм откако во средата се обрати во судот по повод борбата за старателство која ја води со својот татко Џејми Спирс.
Таа им порача на обожавателите дека глумела дека е добро бидејќи и било непријатно да сподели како се чувствува.
Поп ѕвездата напиша дека како и голем дел од луѓето, го претставила својот живот подобар од она што е навистина.
-Верувам дека сите сакаме живот како од бајка, и како што кажав, се чини дека мојот живот е таков…мислам дека она е тоа кон што сите тежнееме, пишува Бритни.
Таа додава дека една од најдобрите особини на нејзината мајка била да остане силна во тешки ситуации поради нејзините браќа и сестри. Пејачката сега бара јавноста да ја разбере.
-Им обрнувам внимание на луѓето бидејќи не сакам да мислат дека мојот живот е совршен бидејќи дефинитивно не е. Се извинувам што глумев дека сум добро во изминатите две години. Го направив тоа поради гордоста моја и беше непријатно да споделам со вас што ми се случило…но искрено кој не сака на Инстаграм да се претстави во сјајно издание, објаснува Бритни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.