Бритни Спирс проговори за разводот со сопругот Сем Асгари и откри што предизвикало прекин на љубовта.
Пејачката на својот Instagram профил сподели долг текст во кој изјави дека предолго била силна.
„Како што сите знаат, јас и Хесам повеќе не сме заедно. Шест години се долго време да се биде со некого, па малку сум шокирана, но не сум тука да објаснувам зошто затоа што искрено тоа не е ничија работа. Сепак, не можев повеќе да ја издржам болката, искрено. Добивам толку многу пораки од пријатели кои ми го топат срцето и ви благодарам. Предолго сум силна и мојот Instagram можеби изгледа совршен, но тоа е далеку од реалноста и мислам дека сите го знаеме тоа. Би сакала да покажам емоции, солзи и како навистина го чувствувам тоа, но поради некоја причина секогаш морав да ги кријам моите слабости“, додаде таа.
Гласините за нивниот развод кружат веќе неколку месеци бидејќи Асгари речиси никогаш не е дома, а Спирс наводно физички го нападнала. Сепак, гласините сега се потврдени.
За потсетување, славната двојка се запозна во 2016 година кога Асгари доби улога во еден од нејзините музички спотови. Се верија во септември 2021 година, а се венчаа во јуни минатата година.