Брнабиќ: Вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи

Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Северна Македонија ѝ испративме 8.000 вакцини на Pfizer и 40.000 вакцини Спутник V, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на TV Prva.
Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе нѐ зближи во иднина“.
„Народот од тие земји ја гледа таа подадена рака. Среќна сум што Србија е препознаена да може тоа да го направи и како единствена земја во светот што има таков вид солидарност.“
Таа најави дека во Србија утре пристигаат 106.470 вакцини Pfizer и 500.000 Sinopharm, додавајќи дека вакцинирањето на граѓаните од регионот нема да продолжи, но дека и во иднина помошта ќе се дава.
Mедиумите повикувајќи се на одлуката на Министерството за здравство, објавена во Службен весник, објавија вест дека граѓаните на Република Србија кои планираат да патуваат во странство за време на Велингденските празниците, мора да имаат предвид дека кога ќе се вратат ги чекаат нови правила. Како што беше соопштено, одлучено е дека по враќањето од Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија и Унгарија, за српските граѓани задолжителен е PCR тест.Премиерката Ана Брнабиќ го демантираше ова, изјавувајќи дека ваквата вест ја изненадила.
„Не е точно, немаме променето. Оние кои се ревакцинирани можат да влезат без PCR тест. За сите други на кои не им е потребен PCR тест, се државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија“, изјави Брнабиќ.
Таа најави дека од утре во Србија делумно се ублажуваат епидемиолошките мерки.
„Од утре, угостителските објекти на отворено ќе работат до 22 часот. Малку ги олеснуваме мерките, не премногу“, реча таа, наведувајќи дека 26 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани со една доза, додека околу 19 отсто е ревакцинирани.
„Се надевам дека ќе го вратиме животот во нормала до крајот на јуни“, рече Брнабиќ.
Брнабиќ се осврна и на корона орото кое повторно се случи синоќа пред споменикот на Стефан Немања во Белгад.


„Што се однесува до орото кај споменикот на Стефан Немања – покажавме дека никогаш нема да апсиме луѓе и да ги приведуваме за непријавени собири ако се мирни. Имавме непријавени собири во минатото што траеја со месеци. Не можам да го користам својот субјективен поглед за собирот – и ова беше непријавен митинг, жал ми е што се одржа, но беше мирен. Можеме да апелираме тоа да не се случува“, рече српската премиерка.
Што се однесува до антиваксерите, пак, според неа, тие ја загрозуваат националната безбедност.
„Антиваксерите на социјалните мрежи ги загрозуваат безбедноста и животот на луѓето, шират паника, лажни вести и затоа ги уапсивме. Мислам дека тоа беше исклучително важна порака. Државата не може да апси луѓе кои размислуваат поинаку, а мирно се собираат на улиците“, изјави Брнабиќ.
Како што кажа таа, од петте антиваксери кои се приведени, едно лице било вакцинирано, а истовремено ширело лажни вести против вакцинацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.