четврток, 26 ноември 2026
Најново

Брнабиќ: „Вучиќ е крив“ што Србите сакаат Нова Година на Сејшелите и на Маврициус

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателката на Собранието на Србија Ана Брнабиќ реагираше на текстот за големиот интерес на српските граѓани за дочек на Нова Година на егзотични светски дестинации.

Иронично, таа напиша дека „За ова Вучиќ е крив“ зашто наводно „лошо се живее“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

-Форбс Србија – забележливо е зголемено интересирање за дочек на Нова Година на егзотични дестинации како Дубаи, Сејшели, Маврициус, Малдиви или Карипски острови. Што би рекле блокадерските елити – тешко се живее, диктатура и никогаш не било полошо. А можеби некогаш ќе речете „Вучиќ, фала?“. Вучиќ е виновен за се, па и за ова, напиша Брнабиќ.

Поврзани вести