Вакцинацијата не е само дојди и купи ги вакцините и толку, туку потребен е план и регистрација, рече српската премиерка Ана Брнабиќ во нејзиното гостување за ТВ Хепи утрово во однос на вакцините кои Македонија треба да ги набави од Србија.
– Имаме договор, разговараа премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ. Вучиќ реши да им помогне со 8.000 вакцини. Ние помагаме да се регистрираат вакцините „Фајзер“ во Северна Македонија. Ние работиме со нив. Проблемот може да биде во тоа што тие добиле вакцини „Фајзер“, но не се регистрирани. Поентата не е само да се дојде и да се купи вакцината, има многу повеќе работи зад завесата. Регистрација од соодветната агенција, план за вакцинација. Ние сме една од ретките земји кои имаат адекватен информативен систем. Нашите граѓани знаат како да се пријават за вакцината, сè е транспарентно. Слушнав приказни од луѓе од други земји каде велат дека немаат идеја како да се пријават, кои им се приоритетни групи, вели Брнабиќ.
Таа додаде дека Србија до утрово имала вакцинирано 50 000 лица.