недела, 15 ноември 2026
Најново

Брнабиќ му честита на Вучевиќ: Сигурна сум дека ќе продолжи да ја води Србија по победничкиот пат

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ и новоизбрана претседателка на Собранието, му честиташе на својот сопартиец Милош Вучевиќ кој е мандатар за состав на новата Влада.

„Му честитам на мојот пријател, колега и соборец Милош Вучевиќ, за неговиот избор за нов премиер на Србија. Сигурна сум дека Владата што ќе ја предводи ќе продолжи да ја води Србија по победничкиот пат што го трасираше Александар Вучиќ. Драг Милош, со среќа и храбри нови победи!“, напиша Брнабиќ на мрежата „Х“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска донесе одлука со која го предложи претседателот на „Српската напредна странка“ Милош Вучевиќ за претставник за состав на новата Влада на Србија.

Поврзани вести