Брнабиќ најави затворање на ноќните клубови во Србија, се засилуваат мерките против КОРОНА
Ана Брнабиќ Премиер на Србија, вечерва во гостување на ТВ дека од утре ќе бидат воведени рестриктивни мерки во повеќе градови, слично на оние што ги воведоа некои локални самоуправи во изминатите неколку дена. Имено деновиве нагло се зголеми бројката на новозаразени во таа држава
Утре во 10 часот ќе се одржи состанок на Кризниот штаб и дека нема да бидат воведени целосни забрани за движење или собирање, како во време на вонредната состојба. Брнабиќ потсети дека засега се воведени разни вонредни состојби во Нови Пазар, Крагуевац, Ужице и Врање.
Според неа, мерките ќе бидат во сила на одредени места.
„Белград сигурно, затоа што во него има најмногу заразени луѓе, не по глава на жител ами вкупно, но повторно две третини од сите заразени се во Белград. Тоа е претежно помладата популација, така што ќе разгледаме како да таргетираме мерки и да го решиме тој проблем во тој момент“.
Таа изјави дека работата на ноќните клубови ќе биде „сигурно“ забранета и дека ќе се разгледа и забраната или ограничувањето на работата на рестораните.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.