Брод со повеќе од 50 мигранти потона во либиските води

Брод со повеќе од 50 лица потона во либиските територијални води, соопшти високиот комесаријат за бегалци на ОН.
Точната локација на несреќата не е прецизирана, објави УНХЦР на Твитер. Либија е една од главните појдовни точки за африканските мигранти кои бегајќи од сиромаштијата и војните се обидуваат преку Средоземното Море да стигнат до Европа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.