Бројката на жртви од уривањето на покрив во дискотеката во Доминиканска Република се искачи на 221 лица

Владата на Доминиканската Република објави дека бројката на загинати во трагедијата со уривањето на покрив на дискотека се искачи на 221 лице.

Трагедијата се случи во ноќниот клуб „Џет сет“ за време на концерт на пехачот Руби Перез, кој е меѓу загинатите.

Над 4500 работници за итни случаи беа распоредени на местото на настанот.

Од урнатините се спасени 189 лица, а 17 од нив се уште се во болница.

Пронајдете не на следниве мрежи: