Повеќе од 26 милиони луѓе, поточно 26.150.467, се заразени со вирусот корона во светот уште од почетокот на пандемијата, според податоците на веб-страницата на Worldometers.
Според веб-страницата, од последиците на вирусот досега починале 866.025 лица, а излечени се 18.412.982.
Во моментов има 6.871.460 активни случаи, од кои 60.666 се во критична состојба.
Ситуацијата е најтешка во Соединетите држави, каде повеќе од 6,2 милиони луѓе се заразени со вирусот корона, а починаа 189.651 лице.
На второ место е Бразил со над 3,9 милиони заразени и 122 941 мртов, а на трето место е Индија со над 3,8 милиони заразени и 67 486 жртви. Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти, поточно 1.005.000 од нив. Во таа земја, сепак, има значително помал број на смртни случаи – 17.414.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.