Бројките продолжуваат да растат: Во светот повеќе од 26 милиони луѓе заразени со корона, бројот на жртви надмина 865.000

Повеќе од 26 милиони луѓе, поточно 26.150.467, се заразени со вирусот корона во светот уште од почетокот на пандемијата, според податоците на веб-страницата на Worldometers.

Според веб-страницата, од последиците на вирусот  досега починале 866.025 лица, а излечени се 18.412.982.

Во моментов има 6.871.460 активни случаи, од кои 60.666 се во критична состојба.

Ситуацијата е најтешка во Соединетите држави, каде повеќе од 6,2 милиони луѓе се заразени со вирусот корона, а починаа 189.651 лице.

На второ место е Бразил со над 3,9 милиони заразени и 122 941 мртов, а на трето место е Индија со над 3,8 милиони заразени и 67 486 жртви. Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти, поточно 1.005.000 од нив. Во таа земја, сепак, има значително помал број на смртни случаи – 17.414.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.