Бројот загинати во уривањето на деловната осумкатница во предградието Сивора на банлгадешката престолнина Дака во петокот достигна 1.035 лица.Информацијата за AFP ја потврди армискиот бригаден генерал Садикула Алама Сикдер, чии единици работат на пребарување на урнатините на местото на трагедијата.Претходно ноќта кон петокот бангладешките власти соопштија дека бројот на жртвите надминал илјада, а утрото во повторното пребарување биле пронајдени уште 35 тела. Точната бројка на лицата кои се водат за исчезнати не е соопштена.Деловниот осумкатен комплекс „Рана Плаза” се урна во близина на главниот град Дака се урна на 24-ти април, во моментот кога во него имало 3.122 работници во пет шивачки работилници кои работат за големите западни брендови и во повеќе продавници. До петокот според официјалните податоци пронајдено е 501 тело на загинатите а уште најмалку толку се водат како исчезнати.Пукнатините во ѕидовите на објектот се појавиле минатиот вторник, меѓутоа според досегашните сознанија на полицијата, сопствениците на зградата и по предупредувањата ги убедиле сопствениците на работилниците дека објектот е безбеден. Според други информации, сопствениците на работилниците и на продавниците ги игнорирале предупредувањата од своите вработени и ги повикале во средата да дојдат на работните места.Органите на прогонот во Бангладеш објавија дека е уапсен сопственикот на комплексот, Мохамед Сохел Рана, кој се обидел да ја мине границата со Индија. Покрај него уапсени се уште седум лица меѓу кои е и инженерот кој бил претходно повикан да ја процени опасноста од пукнатините на објектот.
МакфаксБројот загинати во уривањето на деловната осумкатница во предградието Сивора на банлгадешката престолнина Дака во пето