Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија достигна 223, повеќе од 70 се водат како исчезнати

Шпанските власти соопштија дека бројот на жртвите во поплавите на истокот на земјата се искачи на 223, а по 78 исчезнати лица се уште се трага десет дена по поплавите.

Повеќето од жртвите се во Валенсија – 215, седум во Кастиља-Ла Манча и едно лице во Андалузија, објави шпанскиот јавен сервис РТВЕ.

Десет дена по поплавите, потрагата по 78 исчезнати лица е во тек, а 48 пронајдени тела се уште не се идентификувани.

Речиси 8.500 војници ќе останат во Валенсија и нејзините предградија за да помогнат во помошта од поплавите.

Армијата и полицијата со употреба на модерна технологија трагаат по исчезнатите. Потрагата претежно заврши во надземни згради, а продолжува во подземните гаражи и подруми, како и во лагуната кај Валенсија.

Шпанската влада додели 838 милиони евра финансиска помош за граѓаните, а за обнова преку заеми ќе бидат обезбедени 10 милијарди евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.