Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес на Филипините се зголеми на петмина

Бројот на загинати во вчерашниот земјотрес на Филипините се зголеми на петмина со десетици повредени, соопштија локалните власти. Јужниот дел на Филипини синоќа го погоди земјотрес со јачина од 6,3 степени кој предизвика лизгање на земјиште и пожар во трговски центар околу 19:30 часот по локално време. Земјотресот го погоди Северен Котабато и околните провинции, соопшти филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија.
Околу пет часот утрово, друг земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди провинцијата Давао Ориентал. Институтот соопшти дека не се работи за афтершок и засега нема пријавени штети.
Синоќешниот земјотрес ги натера луѓето да избегаат од трговските центри и зградите, а болничките пациенти беа евакуирани на улиците.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.