Бројот на загинати во снежното невреме на Алпите се зголемува

Најмалку седуммина се загинати , а уште неколкумина се сметаат за исчезнати во снежното невреме што ги зафати Алпите. По силните врнежи од снег скијачите во Австрија , Германија и Италија се соочени со голема опасност од лавини. Во неделата две лавини усмртија двајца скијачи во Австрија во планините Ворарлберг , додека третиот настрада во близина на Салцбург. На австрискиот дел од Алпите има нови 120 сантиметри снег. Властите преку контролирани експлозии се обидуваат да предизвикаат лавини, за да се избегне опасноста од нивно ненадејно уривање.
Во Германија загина скијач , врз кого падна дрво во близина на местото Бад Толц, а на планината Тисенберг во лавина загина млада девојка.
Двајца планинари загина на Алпите во Италија, северно од Торино. Спасувачите и натаму се во потрага по неколкумина исчезнати. Највисок степен на опасност е прогласен во австрискиот и германскиот дел на Алпите. Во Баварија заради силен снег затворени се скијачките школи, а голем број патеки се затворени заради опасност од лавини.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.