БРОЈОТ НА НОВИ СЛУЧАИ ВО ПОРАСТ, ЗАБАВИТЕ БЕЗ ПРОТОКОЛИ ВО ПОЛН ЕК

И додека бројот на новозаразени изминатитве два дена е во пораст, не запираат забавите низ кафулињата и ноќните клубови низ државата.
Журки без проколи и покрај најавите за почитување на мерките во една ваква состојба. Инспекторите го затворија популарниот скопски локал, каде синоќа на забавата со Владо Георгиев имаше гужви и турканици.
Сепак, локалот не е затворен поради непочитување на протоколите, туку затоа што претходната недела работел по работното време. Запечатувањето на локалот е направено денеска бидејќи инспекторката која го изготвила решението е во самоизолација поради контактс со нејзина колешка.
Инспекторите ќе бараат поголеми ингеренции, најавува Стојко Пауновски, директор на Пазарниот инспекторат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.