Бројот на починати од Ковид порасна над 1.900, активни се 22.538 случаи

Откако во последниот извештај на Министерството за здравство се регистрирани нови 984 случаи со Ковид-19, бројот на активни случаи на Ковид-19 во Македонија се искачи на 22.538. Од нив во Скопје се 10.852, во Прилеп, Тетово и Гостивар се по над 1.000, во Куманово – 900. Во речиси сите останати градови има трицифрен број активни случаи.
Истовремено продолжуваат високите дневни бројки на починати. Во последното деноноќие се регистрирани 24 починати пациенти, со што вкупниот број на жртви на корона вирусот во Македонија се искачи на 1.901 починат.Во ковид – центрите во болниците во државава се лекуваат вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. Од нив, 445 се во Ковид центрите во Скопје.


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека специфичен и посебен лек за Ковид-19 нема и дека се прави комбинација на постојните терапии за некои други болести или симптомите кои ги дава оваа болест. Апелира секој пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување само со контрола на лекар да прими соодветна терапија.
Мора да знаеме и граѓаните да знаат дека има навистина широка лепеза на симптоми со кои оваа болест може да се манифестира. Никој не треба да посегне да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на Ковид-19. Уште во светот има огромен број клинички студии кои испитуваат лекови – рече Филипче.
То вели дека не е докажано дека лековите „ремдесивир“ и „фавира“ помагаат специфично за Ковид-19 и посочи дека тоа се лекови за кои е докажано дека помагаат во некои други болести и додаде дека не можат да се препишат лекови што не помагаат за конкретна дијагноза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.