Бројот на Јапонци постари од 100 години се зголемува 54 последователни години на рекордно ниво.
„Министерството за здравство објави податоци за националниот ден на почит кон старите лица наведувајќи дека бројот на стогодишници се зголемил за 2.980 во споредба со минатата година“, објави во вторникот „Токио Кјодо њуз“.
Жените сочинуваат 83.958 или 88,3 отсто од 95.000 стогодишници, а мажите сочинуваат 11.161.
Јапонија има една од најстарите популации во светот.
Министерството објави и податоци што покажуваат дека вкупната постара популација во Јапонија на возраст од 65 години и повеќе била 36,25 милиони минатата година, со 25,2 отсто вработени.
Томико Итока, 116-годишна Јапонка, минатиот месец беше запишана во Гинисовата книга на рекордите како најстар човек во светот, а 110-годишниот Кијотака Мизуно е најстариот маж во Јапонија.
„Нaселението на Јапонија се намали од 122,42 милиона во 2022 година на 121,56 милион во 2023 година“, објави Министерството за внатрешни работи и комуникации во јули.
Ова ја одбележа 15-тата последователна година и најголем пад од почетокот на следењето во 1968 година.