Пентагон неодамна собори кинески балон тврдејќи дека Кина го лансирала за шпионски цели.
Соединетите Американски Држави се на прво место во светот кога станува збор за следење на други земји, изјави Ванг Венбин, официјален претставник на кинеското Министерство за надворешни работи.
- Над 1. 000 полицајци упаднаа во резиденцијата, ја сечеа бодликавата жица: Детали за апсењето на претседателот на Јужна Кореја
- Дел од администрацијата трпи притисоци, УПОЗ бара од опозицијата да не се „лепи“ на протестите
- Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на ланец аптеки
- РУТЕ: Ако не се зголемат буџетите за одбрана во Европската унија, Европејците треба да научат руски
- Турска пратеничка му бакна рака на Ердоган и доби 200 лири
Кога станува збор за мониторинг на државно ниво, сакаме да нагласиме дека САД се број 1 во светот. И меѓународната заедница, вклучително и Европа, има лично искуство во оваа работа – рече Ванг.
Тој истакна дека од 1997 година американската војска инвестирала милијарди долари во истражување и развој на разузнавачки аеростати. Според неговите зборови, во текот на минатата година Американците ја смениле намената на тие аеростати за воени цели.
Тие сега можат да носат воена опрема што може да се користи за следење на кинески и руски хиперсонични крстосувачки ракети.
Да потсетиме дека Пентагон неодамна собори кинески аеростат, тврдејќи дека Кина го лансирала со цел за шпионажа, додека Пекинг инсистира дека станува збор за цивилна метеоролошка сонда.