Младата ѕвезда Теа Таировиќ ја разгоре фантазијата со фотографии од плажа и одморот кој конечно си го дозволи, поради низата настапи и обврски околу објавувањето на албумот „Теа“.Една од најпопуларните пејачки во регионот работи напорно и редовно настапува, а пред летото во кое речиси секој ден ќе настапува, но и се подготвува за концертот во белградска арена на 21 септември, решила да одмори неколку денови далеку од Србија.Теа на својот Инстаграм објави заносни фотографии во бикини со кои уште еднаш покажа зошто важи за една од најатрактивните и најпосакуваните пејачки на јавната сцена, а реакциите за нејзиниот изглед не изостанаа.Меѓутоа, покрај коментарите за нејзиниот изглед, има и голем број хумористични во кои фановите со неверување наведуваат дека „не им веруваат на очите дека конечно заминала на одмор“.„Кој конечно отиде на одмор?“, „Ај, одмори па да ја уништиш таа Арена“, „Гледам и не ми се верува, ти си на одмор“, „Конечно, оваа жена да види одмор и море“, „Бомба“, „Теа, премногу си жешка“, „И ти да се одмориш малку“, „Лудило“, „Жена од моите соништа“, „Добра ноќ“ , „Мило ми е што одвои малку време за одмор, премногу работиш, твој одмор е, го заслужуваш“, се само дел од бројните коментари под објавата. View this post on Instagram A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)
Пронајдете не на следниве мрежи: