Бубрези одгледани во лабораторија функционираат кај стаорци

Американските научници во лабораториски услови успеале да „одгледаат“ бубрег кој кај стаорец ги извршувал сите функции кои инаку ги врши природен бубрег, што претставува откритие кои би можело да претставува нов чекор кон спасувањето илјадници животи, се вели во студијата објавена во научниот магазин Nature Medicine.Откритие спаѓа во рамките на дисциплината регенеративна медицина чија цел е да се произведат органи за замена и други делови од телото.„Доколку она што успешно се покажа кај стаорецот може да се примени и на луѓето, тогаш пациентите кој денес чекаат на трансплантација на бубрегот можат теоретски да примат нови органи настанати од нивните сопствени клетки“, вели Ахарлд От од Центарот за регенеративна медицина Маssachusetts General Hospital во Бостон.Таквиот оперативен зафат би го намалил ризикот од отфрлање на органот, бидејќи не би станувало збор за ткиво од туѓо лице и повеќе органи би биле на располагање. Американските статистички податоци покажуваат дека во 40 отсто од пресадувањата, бубрегот затајува во период до десет години.Научниот медицински тим што го предводел От, користел како суровина вистински бубрег од стаорец, а потоа со помош на детергенти го отстранил клетките. Она што преостанало претставувало рамка од фиброзен протеински колаген кој содржел се` што претставува бубрегот, од филтер до уретер. Кога тие нови органи се ставени во апарат сличен на оној за дијализа од крвта којашто минувала низ тој уред биле отстранети сите нечистотии и добиена е урина.Меѓутоа, вистински дел од теста претставувало да се пресадат тие бубрези назад во стаорците од кои биле земени. Иако не биле ефикасни како природните, сепак функционирале многу добро, велата авторите на студијата.
МакфаксАмериканските научници во лабораториски услови успеале да „одгледаат“ бубрег кој кај стаорец ги извршувал

Пронајдете не на следниве мрежи: