Бугарија воведе задолжителен 14 дневен карантин за Македонија. Полека се затвораат границите околу нас
БГНЕС јави дека Бугарското Министерство за здравство издаде наредба за задолжителен 14-дневен карантин за лица кои од Северна Македонија ќе пристигнат во таа држава.
Со истата наредба се укинува задолжителниот двонеделен карантин за граѓаните кои пристигнуваат од Босна и Херцеговина и од Црна Гора во Бугарија.
Главниот државен здравствен инспекторат на Бугарија по оценката на епидемиолошката состојба и ризикиот од ширење на Ковид-19 во Бугарија ги предложи овие измени кои стапија на сила веднаш.
Прочитајте уште и:
Пронајдете не на следниве мрежи:НЕОФИЦИЈАЛНО: заразени се 6 здравствени работници во болницата 8 Септември