Бугарија гласа на шестите парламентарни избори во последните три години



Прогнозите на аналитичарите се дека најверојатно и овојпат нема да се добие стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност во Бугарија и да ги деблокира економските реформи, а истражувањата на јавното мислење покажуваат дека и овојпат ниту една партија нема да добие мнозинство

Бугарија денеска гласа на шестите предвремени парламентарни избори во последните три години. Сепак, прогнозите на аналитичарите се дека најверојатно и овојпат нема да се добие стабилна влада која може да стави крај на долгата политичка нестабилност во Бугарија и да ги деблокира економските реформи.

Парламентарни избори во Бугарија / Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека и овојпат ниту една партија нема да добие мнозинство.

Гласањето на изборите за пратеници во бугарскиот парламент доаѓаат по колапсот на владејачката коалиција од централно-десничарската ГЕРБ и реформистичката партија Продолжуваме со промените в март годинава.

Според последната анкета на „Галуп“, која два дена пред изборите ја објави новинската агенција БТА, ГЕРБ е во водство и би освоила 25,9 отсто од гласовите, а три партии по неа се во тесна трка за второто место.

Според анкетата, Продолжуваме со промените би добила 15,7 отсто од гласовите, ултранационалистичката проруска партија Преродба 15,5 отсто и Движењето за права и слободи, кое го претставува претежно големото турско малцинство, 15,3 отсто од гласовите.

Излезните анкети се очекуваат веднаш по затворањето на гласачките места во 20 часот по локално време, а првите прелиминарни резултати се очекуваат околу полноќ.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: