Бугарија го одобри нацрт-договорот со Македонија за тунелот „Деве Баир“

Бугарската влада го одобри нацрт-договорот меѓу Република Бугарија и Република Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел Деве Баир.

Целта е да се договорат јасни обврски и рокови за изградба на железничката врска меѓу Бугарија и Македонија.

Министерството за транспорт и врски како страна на договорот предлага двете страни да преземат реални активности за реализација на тунелскиот објект, кој е железничка врска меѓу двете соседни земји. Изградбата на стратешкиот транспортен Коридор 8 е предуслов за комерцијална и индустриска размена, како на билатерална основа меѓу Бугарија и Македонија, така и за земјите од регионот.

Договорот предвидува формирање Мешовит комитет кој ќе ги координира сите активности поврзани со изградбата и работењето на тунелот Деве Баир. Министерството за транспорт и врски ќе разговара со Република Македонија за текстот на договорот

Пронајдете не на следниве мрежи: