Бугарија забрани летови на руски авиони

Земјата им се придружи на Полска и Чешка во забраната за летови од Русија.

Бугарија во петокот објави дека ќе им забрани на руските авиони да влезат во нејзиниот воздушен простор – поради рускиот напад врз Украина.

Во соопштението, бугарското Министерство за транспорт објави дека ќе забрани полетување, слетување и влез на руски авиони во нејзиниот воздушен простор од сабота па натаму.

„Сите авиони со дозвола издадена од Руската Федерација не смеат да влезат во суверениот воздушен простор на Република Бугарија, вклучително и воздушниот простор над територијалните води“, се вели во соопштението, додавајќи дека мерката е преземена „во солидарност со Украина“.

Бугарскиот премиер Кирил Петков јавно ги осуди руските воени операции во Украина оваа недела, изјавувајќи: „Употребата на воена сила против суверена држава е неприфатлива во 21 век“.

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска ја осуди „воената агресија“ на Русија, тврдејќи дека таа „го поткопува суверенитетот и независноста на Украина и претставува сериозно кршење на меѓународното право“.

Во саботата, Естонија, Летонија, Литванија и Романија исто така објавија дека го затвораат својот воздушен простор за руските авиони.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.