Бугарија забрани преработка на руска нафта од 1 март 2024 година

– Бугарија забрани преработка на руска нафта од 1 март 2024 година.

Парламентот, со 144 „за“ и „0“ против, вчера ги усвои првиот и вториот нацрт-закон со кој се забранува извоз на горива произведени од руска нафта од 1 јануари 2024 година.

Адвокат од Куманово нападнат во својата канцеларија
Адвокат од Куманово вчера пријавил во полиција дека физички бил нападнат во својата канцеларија од лице од Виница. – На 02.01.2025 година во 13.00 часот во СВР Куманово Н.К. од …
Објавена листа на соработници на нацистите во Холандија
Холандските власти во рамки на проектот нарачен „Војната на суд“, објавија листа на околу 425.000 граѓани на Холандија осомничени дека соработувале со нацистите за време на окупацијата на земјата во …

Покрај тоа, со законот се става крај на преработката на нафта со потекло од Русија од страна на нафтената рафинерија во земјата, руската Лукоил, во јужниот пристаништен град Бургас, почнувајќи од 1 март 2024 година, јави државната новинската агенција БТА.

Потегот на Бугарија го скрати отстапувањето од ембаргото на ЕУ за увоз на нафта од Русија што Европската комисија ѝ го додели на Бугарија во 2022 година.

Отстапувањето првично беше валидно до 31 декември 2024 година и се заснова врз специфичната географска изложеност на Бугарија.

Бугарскиот Парламент, исто така, одлучи да ја укине транзитната такса за увоз на руски природен гас во и кој транзитира преку Бугарија.

Оваа одлука ја поттикна Унгарија да издаде предупредување дека ќе го блокира влезот на Бугарија во Шенген зоната ако не се укине транзитната такса.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.