Бугарија официјално стана членка на Шенген просторот по воздушен и воден пат од 31 март. Така, граничните контроли за патување меѓу земјите-членки со авион се укинуваат. Оваа недела точно на полноќ Бугарија делумно влегува во Шенген зоната.
На почетокот на неделава министерот за внатрешни работи на Бугарија Калин Стојанов изврши увид во подготвеноста на софискиот аеродром. Што се менува? Сите граѓани кои пристигнуваат и заминуваат во земјите членки на просторот нема да подлежат на пасошка контрола.