Протесна нота е упатена од Бугарија до Франција за изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон „повеќе ги сакам мигрантите од Гвинеја, отколку бандитите од Бугарија“.
Француската амбасадорка во Софија е повикана во бугарското Министерство за надворешни работи на разговор на 4 ноември.
Претседателот Емануел Макрон во интервју за крајно десничарскиот магазин „Актуелни вредности“, објавено во петокот изјавил дека „повеќе ги сака мигрантите од Гвинеја и Брегот на Слоновата коска отколку бандите од Украина и Бугарија“.
Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева му наредила на бугарскиот амбасадор во Париз да упати протесна нота до француското Министерство за надворешни и исторемено ја повикала амбасадорката Флоранс Робин во Министерството.
Захариева во соопштението истакнала дека зборовите на претседателот Макрон биле навредливи и неприфатливи, и дека не ги разбира причините за ваквата изјава на францускиот претседател и оценила дека најверојатно станува збор за некои внатрешни политички проблеми, пренесе БТА.
Бугарската министерка, воедно изразила уверување дека ова недорабирање ќе се реши по дипломатски пат.