Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) сносува делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ во 2021 година, кога животот го загубија 45 македонски државјани.
Окружниот суд во Перник пресуди дека АПИ е одговорна за 10 отсто од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите да им плати по 20.000 лева како надомест за нематеријална штета. Се признаваат околностите и дека за предметната делница не е донесен акт 16 за автопат и затоа има статус на експресен пат, бидејќи делницата беше пуштена за сообраќај во 2007 година во фаза на акт 15.
Во судската одлука се наведува и дека возачот го возел автобусот со 106 километри на час, што е максималната брзина на делницата од 120 километри, додека при проектирањето на експресниот пат не биле испочитувани геометриските карактеристики.
„Проектираниот попречен наклон на кривината одговара на брзина од 90 километри на час, но нема поставено патна ознака Б26/90 километри на потребните места за ограничување на брзината“, се вели во одлуката на судот.