Бугарската криза е лош знак за сите нови членки на ЕУ

Жестоките протести поради кои мораше да отстапи од власта Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Бојко Борисов ја нагласуваат лошата ситуација во којашто се наоѓаат новите земји членки Европската унија додека се обидуваат да го сопрат економскиот пад и да го придушат сѐ посилниот гнев на јавноста, пишува во четвртокот Reuters во својот поширок осврт на актуелната состојба и можните последици од неа.

 Партиите на власт кои со упорното спроведување на строгите програми за штедење настојуваат да ја придобијат довербата на инвеститорите соочени се со опасноста од бидат симнати од власта на избирачите на кои им е преку главата од намалување на трошоците и зголемување на даноците.
Од друга страна, оние влади коишто со олабавувањето на фискалните стеги или со примената на неконвенционалните начини сакаат да ја вратат поддршката на избирачите пред изборите, ризикуваат пад на интерес за инвестиции и последнично уште поголеми маки за граѓаните.
Ситуацијата е речиси безизлезна и во неа нема да има победник. Кој пат и да го доберат нивните влади, обичните Бугари, Чеси, Унгарци и Словенци, кои сите имаат можност да гласаат на изборите оваа или следната година, веројатно ќе се соочат со уште поголема невработеност и замрзнување на платите.
Тоа претставува смртоносна комбинација за изборните шанси за која и да е владејачка партија, а ја зголемува и веројатноста за влегување во политичка пат-позиција со којашто е прекинува процесот на одлучување, на површината испливуваат неконвенционалните и непроверените политички визии и расте поддршката на периферните политички сили.
Многумина меѓу околу стоте милиони луѓе коишто изминатата деценија влегоа во Европската унија со надеж во живот според западните стандарди, со секој нареден ден се сѐ пообесхрабрени.
Според показателите на истражувањето на јавното мнение којашто во декември 2012 година ја направи европската агенција за статистика Eurobarometer, 80 отсто од испитаниците ја оценија како „лоша” економската ситуација во осум од десетте нови членки на ЕУ, поранешни комунистички земји, а најголемата причина за нивната загриженост беше невработеноста.
Таа загриженост е сѐ посилна во Словенија и во Чешка, двете држави коишто спроведуваат агресивни програми на штедење кои ги продлабочуваат болние последици од рецесијата и го зголемуваат бројот на невработените лица до рекордно високите нивоа.
„Имајќи предвид на тоа како владата ги намалува потрошувачката во јавниот сектор и вложувањата, мали се можностите да добијам вистинска работа”, вели 24-годишниот Дејан, кој посетува менаџерски студии во Словенија. „И јас, и многу мои колеги бараме работа во странство во надеж дека таму ќе ни биде подобро”, додал.
И онака ранливата поради економските тешкотии под кои стенка земјата, коалицијата на словенечкиот премиер Јанез Јанша се урна минaтиот месец под обвинувањата за корупција и сега на оваа државичка, пишува Reuters, и се заканува одржувањето на вторите избори во последните две години, доколку опозициските партии не успеат да се договорат за формирање нова влада.
Во слична ситуација е и владата на Чешката Република којашто ја предводи Петр Нечас, која економистите ја обвинуваат за продлабочување на најдолгата рецесија во последните 15 години со строгото спроведување на мерките за штедење. Како најголема опасност го истакнуваат самоуништувачкиот круг во кој штедењето го убива растот и буџетските приходи за потоа да мора уште посилно да се штеди за да се исполнат фискалните цели.
„Тука најголемиот виновник е Чешката Република, којашто, како што изгледа, се омажи за штедење”, смета лондонскиот економист Вилијам Џексон. Крајното штедење како единственото гесло на политиката би можела да ги насочи избирачите кон периферниот политички спектар.
Гневот на народот поради штедењето во Чешка на површината ги извлече комунистите, кои речиси и не се реформираа откако владееја со некогашната Чехословачка (ЧССР) па сека во некои анкети, една година пред изборите, го заземаат второто место според поддршката на избирачите, со речиси еднакви резултати како и коалицијата на владејачките граѓански демократи на премиерот Нечас и партијата TOP 09.
„Никој не ја сака и не ја поддржува оваа влада. Зошто сѐ уште се тука”, вели Премушил Мастни, 70-годишен пензионер.
Во Унгарија разделената опозиција не претставува особена закона за владата на премиерот Виктор Орбан, меѓутоа пред изборите закажани за 2014 година, 40 отсто од гласачкото тело се изјаснува како неодлучни.
За Бугарија, пак, аналитичарите предвидуваат дека би можела да се најде во опасност предвремените избори, и тоа веќе можеби во април, да предизвикаат пат-позиција слична на оние коишто ги запреа реформите во соседните ѝ Грција и Романија.
Во обидите повторно да им се доближат на гласачите, некои од политичарите скршнаа од вообичаениот неолиберален пат на реформите и однесувањето коешто го заговараат повеќето влади во Европа и мерките со коишто странските компании сакаат а се принудат повеќе да придонесуваат во приходите на буџетите.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов се поведе по својот унгарски колега Виктор Орбан и пред оставката предизвика зачудување со заканата за одземање на лиценцата за дистрибуција на електричната енергија на чешката компанија CEZ. Чесите веднат таквата најава ја осудија како „загрижувачка”, а аналитичарите укажуваат на тоа дека таквиот потег би бил во спротивност со правилата на Европската унија, чијашто членка е и самата Бугарија.
Истите извори додаваат дека таквите мерки на кус рок можат да ги привлечат избирачите, меѓутоа долгорочно би можеле да бидат опасни, бидејќи би можеле да ги избркаат инвеститорите и да го загрозат економското заздравување на земјата.
Макфакс
Жестоките протести поради кои мораше да отстапи од власта Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Бојко Борис

Пронајдете не на следниве мрежи: