Бугарската ќе помага за решавање на статусот на македонската црква

Денес бугарскиот патријарх Неофит изјави дека Бугарската православна црква ќе продолжи да помага за решавање на статусот на македонската црква. Одговарајќи на прашањето за тоа на какво ниво се односите меѓу двете цркви тој рече дека важно било да се утврди името на државата и дека верува дека постепено ќе се реши и другото прашање.
– Ќе направиме сè што е неопходно, со Божја помош, радоста на нашите браќа од Македонија да биде целосна, изјави патријархот Неофит за БГНЕС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.