петок, 20 ноември 2026
Најново

Бугарскиот министер за одбрана отпуштен поради коментарите за Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Бугарскиот премиер Кирил Петков го отпушти шефот на одбраната Стефан Јанев поради неговиот избор на зборови во опишувањето на руско-украинскиот конфликт, нарекувајќи ја ситуацијата „воена интервенција“ или „операција“ наместо „војна“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Мојот министер за одбрана не може да го користи зборот операција наместо зборот војна“, им рече Петков на новинарите во понеделникот. „Не можете да го наречете операција кога илјадници војници од едната и од другата страна се веќе убиени.

Премиерот додаде дека „бугарскиот интерес не е да ја наведнуваме главата надолу“. Наместо тоа, „Кога ќе видиме нешто со кое не се согласуваме, нешто толку очигледно, не можеме да молчиме“.

Сите четири партии во бугарската владејачка коалиција се согласија да побараат оставка на Јанев, истакна Петков. Новиот министер за одбрана ќе биде именуван на вонредната седница на Собранието што ќе се одржи во вторник.

Отпуштањето дојде како реакција на објавата на Јанев на Фејсбук. Коментирајќи ја руско-украинската криза, министерот за одбрана предупреди да не се користи зборот „војна“. Тој рече дека нема потреба Бугарија да застане на страната на Русија, САД или европските сојузници во конфликтот, додавајќи: „Нашата напатена татковина не заслужува да биде жртвувана во играта на големите сили“.

Поврзани вести