Бугарскиот премиер Денков ги нарече производителите на жито терористи

„Не преговарам со терористи“ – вака бугарскиот премиер Николај Денков по повод организираниот протест на производителите на жито во Бугарија.

„Во последните два дена производителите на жито почнаа да се однесуваат како терористи. Користат лажни аргументи, бараат сега, нешто да се случи веднаш. Не преговарам со терористи“, рече премиерот.

Тој додаде дека очекува производителите на жито да дојдат на преговарачка маса и да разговараат за суштината.

Незадоволството кај производителите на жито дојде откако беше изгласано укинувањето на забраната за увоз на жито од Украина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.