среда, 18 ноември 2026
Најново

Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе оставка: Вонредно обраќање до нацијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, објави дека поднесува оставка и додаде дека досегашната потпретседателка Илијана Јотова ќе ја преземе функцијата шеф на државата.

„Утре ќе поднесам оставка од функцијата претседател на Република Бугарија“, рече Радев на вонреден брифинг, според „Бугарски вести“.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Радев истакна дека бугарската демократија нема да преживее ако е оставена на, како што рече, „корумпирани структури и екстремисти“, нагласувајќи дека довербата на граѓаните го обврзува да ги штити институциите.

Тој потсети дека за прв пат бил избран за претседател пред девет години, а дека довербата му била обновена во 2021 година, оценувајќи дека се обидел да ја оправда оваа чест и одговорност во сите свои постапки.

„Пред девет години, гласавте за мене да ѝ служам на Бугарија како претседател. Заедно доживеавме низа кризи, напади од олигархијата и големи протести во 2020 и 2025 година. Денес ви се обраќам за последен пат како претседател на Бугарија . Ги признавам моите грешки“, рече Радев, пренесува бугарскиот „Еуроњуз“.
The post Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе оставка: Вонредно обраќање до нацијата appeared first on Во Центар.

Поврзани вести