Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев во вторникот ќе го именува дипломатот Марин Рајков за преоден претседател на владата, се дознава од два извор директно поврзани со процесот на избор на новиот премиер.Претседателот Росен Плевнелиев се обидува да пронајде личност којашто ќе ја има довербата кај пошироката бугарска јавност, откако по протестите оставка си поднесе премиерот Бојко Борисов и целиот негов владин кабинет предводен од партијата ГЕРБ, а изборот паднал на независна личност за на протестантите да им се покаже дека станува збор за вистинско раскинување со политичката клада којашто граѓаните ја смета корумпирана и неспособна да го подигне животниот стандард во една од најмладите и најсиромашни членки на Европската унија.„Марин Рајков ќе биде нов премиер“ изјави извор кој сакал да остане анонимен, бидејќи информацијата сé уште не објавена за јавноста. Преодната влада ќе функционира до предвремените 12-ти мај.Педесет идвегодишниот Марин Рајков, кој веќе беше заменик министер за финансии, а од 2009 години и амбасадор во Франција.Од кабинетот на претседателот Плевнелиев одбиле да ја коментираат информацијата за Reuters, а се очекува дека преодната влада ќе биде именувана во вторникот во 15 часот по средноевропско време.Бугарските политички аналитичари сметат дека Плевнелиев, исто така, ќе се обиде на овој начин да демонстрира пред ЕУ и странските инвеститори, дека Бугарија ќе остане доследна на строгата финансиска политика, неопходна за да се зачува довербата во валутниот борд, и нема да троши нерационално само за да се стави крај на бранот протест.Речиси секојдневно во бугарските градови се организираат последните неколку седмици протести со учество на десетици илјади демонстранти коишто се противат на нискиот животен стандард, далеку под просекот во ЕУ, како и против корупцијата на етаблираните политички елити.Протестите ја принудија владата на Бојко Борисов комплетно да си поднесе оставка на 20-ти февруари, по што претседателот Плевнелиев го закажа одржувањето на предвремените парламентарни избори.
МакфаксБугарскиот претседател Росен Плевнелиев во вторникот ќе го именува дипломатот Марин Рајков за преоден претседате