Во Мелник, Бугарија, се одржал народен собир на кој присуствувале Македонци од Бугарија, во чест на Јане Сандански. На истиот биле присутни и припадниците на ОМО „Илинден – Пирин“, како и бројни гости од Македонија.
На настанот по повод 110-годишнината од смртта на Сандански, настапила бугарската пејачка Василија Петрова, а бугарскиот електронски медиум Топпреса објави дека бугарската јавност е шокирана поради нејзиното учество и дека во Мелник се случило предавство.
-Ја повикуваме Василија да се откаже од бугарското државјанство! На Бугарија не и требаат предавници кои јавно зборуваат за споменот на бугарските ревлуционери и нашата национална чест!