Националисти и припадници на бугарската ВМРО беа собрани пред софиската Национална опера и со викање, довикување и со разни навредувачки пароли го проследија поминувањето на македонската претседателка и делгацијата што ја предводи таа, која вечерва го следи настапот на македонската Опера и балет со „Набуко“.
Активистите на ВМРО носеа плакати со натписи „Патот на РСМ кон Европа минува низ коридорот број 8“, „Не за јазикот на омразата“, „Дајте им права на Бугарите во Македонија“ и други.
Пред влегувањето претседателката на Македонија се поздрави со бугарскиот премиер Најден Димитров и му изрази сочувство за загубата на двајца пилоти што се случи денеска. На прашање на новинар на БГНЕС, Сиљановска Давкова одговори дека македонската Влада покажува разбирање за изградба на проектот „Коридор 8“.
„Се што не поврзува е добредојдено, не само што ова е безбедносен коридор, туку и можност за комуникација меѓу граѓаните од двете страни. истакна таа, а на потпрашањето дека неизградбата од македонска страна ќе му наштети на НАТО таа изрази несогласување со констатацијата содржана во прашањето и замина.